Македонците купуваат букети цвеќе со непарен број на цвеќиња кога тој букет се дава на живи луѓе, додека парен број на цвеќиња се носи на гробишта за мртвите. Така на пример три или пет цвета се носат на гости кај роднини и пријатели а пак четири или шест цвета се носат на гробишта.