Идејата за промаја е типично балканска. Промаја е нешто слично на "draft" кога ветерот влегува во просторија од една страна и излегува од друга страна. Меѓутоа, старите велат дека не е добро да се седи на промаја бидејки човек може лесно да се разболи. И заради тоа во кола не треба да се отвораат прозорци од лева и десна страна, туку само од една: или лева или десна. Во куќа исто така не треба да се отвораат прозорци или врати од две страни за да не се направи промаја.