Оваа недела ќе се запознаеме и ќе ја повториме азбуката со печатни букви. Ќе провериме дали децата ги знаат сите печатни букви и дали добро читаат. Првата стрихотворба која ќе ја учиме е на темата: пишување. Ја позајмивме од учебникот Краснопис -Тетратка за убаво пишување од Светлана Јосифоска. Издавач е Просветно Дело - Скопје.
Пишувањето е како песна
Пишувањето е како песна,
убава и лесна.
Секој што го сака
ќе пишува без мака.
Пишувајте ги убаво
буквите наши,
краснопис негувајте
во тетратките ваши.