After you have listened to the podcast a few times and used the vocabulary list to translate it, hover over the text (or tap on it if you are using a mobile device) to see the English translation and check your work.
-
- Госпоѓа Михајлова: Добар ден. Господин Стаматовски, ве молам.
- Господин Стаматовски: На телефон.
- Госпоѓа Михајлова: Овде е госпоѓа Михајлова. Како сте?
- Господин Стаматовски: Добро, благодарам. А вие?
- Госпоѓа Михајлова: И јас сум добро. Се јавувам да закажам состанок. Кога сте слободни оваа недела?
- Господин Стаматовски: Жал ми е, ама оваа недела сум на одмор во Италија.
- Госпоѓа Михајлова: Ќе се вратите ли следниот понеделник?
- Господин Стаматовски: Да, во понеделник ќе бидам во Скопје.
- Госпоѓа Михајлова: Слободни ли сте во 12 часот?
- Господин Стаматовски: Не, жал ми е, нема да можам. Во 12 часот веќе имам друг состанок. Може ли во 3 часот?
- Госпоѓа Михајлова: Жал ми е, не ќе можам тогаш. А во вторник во 3, ќе бидете ли слободни?
- Господин Стаматовски: Да, во вторник во 3 сум слободен.
- Госпоѓа Михајлова: Тогаш, ќе се видиме во вторник во 3. Може да се најдеме во вашата канцеларија?
- Господин Стаматовски: Да, секако.
- Госпоѓа Михајлова: Благодарам. Ќе се видиме тогаш.
- Господин Стаматовски: Нема проблем, пријатно.
- Госпоѓа Михајлова: Пријатен одмор!
- Господин Стаматовски: Благодарам. Пријатно.