After you have listened to the podcast a few times and used the vocabulary list to translate it, hover over the text (or tap on it if you are using a mobile device) to see the English translation and check your work.
-
- А: Денес е сабота и не сум на работа. Што сакаш да правиме?
- Б: Одамна не сум гледала добар филм. А ти, си гледал ли некој добар филм во последно време?
- А: Да, јас многу сакам филмови и често одам во кино. Вчера бевме со сестра ми да го гледаме новиот македонски филм Мајки од режисерот Милчо Манчевски.
- Б: Сте биле да го гледате филмот Мајки? И ви се допадна?
- А: Да, добар беше. Знаеш, одамна не сум слушал добра музика. Сакаш да одиме на некој концерт?
- Б: Да, но не сум слушнала за никакви концерти во последно време.
- А: Весна ми рече дека била на концерт на Влатко Стефановски и музиката била многу добра. Но, тоа било минатата недела. Не знам дали има некој концерт денес.
- Б: Мислам дека КУД „Танец“ ќе има концерт вечер. Сигурно ќе го играат „Тешкото.“ Си го играл ли некогаш ти тоа оро?
- А: Не, никогаш не сум го играл, само сум го гледал.
- Ѕвон ѕвон...
- А: Еј, извини, ме викаат од работа. Ало? Да, но јас денес имам слободно. Аха. Добро, во ред. Пријатно. Извини, но нешто излегло на работа и ги викнале сите шефови. Сите сме морале да дојдеме веднаш. Можеби ќе може да излеземе друг ден?
- Б: Да, ќе планираме нешто за друг ден. Чао!
- A: Чао!
You can read more about Macedonian director Milcho Manchevski here, about the folk dance troup Tanec here, and about Macedonian music icon Vlatko Stefanovski here.