After you have listened to the podcast a few times and used the vocabulary list to translate it, hover over the text (or tap on it if you are using a mobile device) to see the English translation and check your work.
- Соња и Игор работат во мала продавница во голем град. Тие продаваат облека и чевли. Тие работат секој ден. Во слободно време, Соња сака да гледа модерна облека и модерни чевли во нови списанија. Соња често купува облека и чевли. Таа има многу облека во разни бои: фустани, сукњи, блузи, палта, маици, и пантолони. Таа има и многу видови на чевли: патики, сандали, чизми, и штикли. Таа има интересни чевли во многу бои: црни, кафеави, црвени, розеви и сини, но нема жолти чевли. Во слободно време, Игор сака да гледа модерни и брзи автомобили. Тој има стар, спор и сив автомобил. Секое утро тој вози на работа, а секоја вечер тој вози дома.