After you have listened to the podcast a few times and used the vocabulary list to translate it, hover over the text (or tap on it if you are using a mobile device) to see the English translation and check your work.
-
Во една далечна земја, во една голема куќа живее едно големо семејство: баба и дедо, нивните два сина со жените и децата: еден внук и една внука. Во куќата живеат и едно куче, една мачка, и едно глувче. Бабата и дедото имаат градина со моркови, пиперки, и домати. Еден ден, бабата му вели на дедото: Оди собери моркови за да ги ставам во супа. Дедото оди и го влече првиот морков, но никако да го извлече. Морковот е премногу голем. Тој и вели на бабата: Дојди да ми помогнеш! Таа му вели нему: Доаѓам! Оди до него, го фаќа за грб, и му помага да го извлечат морковот. Влечат, влечат но никако да го извлечат. Тие им велат на синовите: Дојдете да ни помогнете. Тие им велат ним: Доаѓаме! Сега дедото го влече морковот, бабата го влече него, едниот син ја влече мајка му, другиот го влече братот, и влечат, влечат но никако да го извлечат морковот! Синовите им велат на своите жени: Дојдете да ни помогнете! Тие им одговараат ним: Доаѓаме! Сега дедото го влече морковот, бабата го влече него, едниот син ја влече неа, другиот го влече него, едната жена го влече својот сопруг, другата жена ја влече неа и влечат, влечат, но никако да го извлечат! Жените им велат на своите деца: Дојдете да ни помогнете! Тие им одговараат ним: Доаѓаме! Сега дедото го влече морковот, бабата го влече него, едниот син ја влече неа, другиот го влече него, едната жена го влече него, другата жена ја влече неа, внукот ја влече мајка му, внуката го влече него, и влечат, влечат но никако да го извлечат морковот! Им велат на кучето, мачето, и глувчето: Дојдете да ни помогнете! Тие не им одговараат но доаѓаат да помогнат. Сега дедото го влече морковот, бабата го влече него, едниот син ја влече неа, другиот го влече него, едната жена го влече него, другата жена ја влече неа, внукот ја влече мајка му, внуката го влече него, кучето ја влече неа, мачето го влече него, глувчето го влече кучето, и влечат, влечат и конечно го извлекуваат морковот! Бабата прави вкусна супа и им ја дава на сите слатко да ја изедат!